Недоволната странска побарувачка најмногу ја ограничува преработувачката индустрија

35

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во август 2020 година е зголемен за 0,6 процентни поени во однос на јули 2020 година и изнесува 12,9, а во однос на август 2019 година е намален за 8,5 процентни поени, објави Државниот завод за статистика.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во август 2020, во однос на јули 2020 година, е пoповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во август 2020 година е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на август 2019 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во август 2020 година изнесува 67% од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 20,5%, неизвесното економско опкружување со 16,8%, недостигот на квалификувана работна сила со 17,7% и недоволната домашна побарувачка со 11,7%.

Фото: Pexels