Некогашниот филмски гигант Авала филм на продажба

45

avala fim

По скоро четири години стечај, најголемото филмско претпријатије во поранешна Југославија, Авала филм, наскоро ќе се најде на аукциска продажба.

Почетната цена за купување на Авала филм е околу девет милиони евра, а во огласот на Агенцијата за приватизација се наведува дека повеќето објекти кои ќе се продаваат со јавно наддавање имаат одобрение за градба, додека целото земјиште е во државна сопственост со право на користење на Авала филм. Со оглед дека основната цел на секоја стечајна постапка е подмирување на побарувањата на доверителите со продажба на имотот на стечајниот должник, не постои законска обврска за одржување на дејноста, пишува Б92.

Вредноста на 37 хектари, колку што зафаќа овој гигант, кога ќе се изврши конверзија во градежно земјиште, ќе има цена од 75 до 100 милиони евра.

Авала филм го сними филмот Славица во 1947 година, првиот игран филм во современата југословенска кинематографија. Од тогаш има снимено преку 400 документари филмови и 200 играни филмови.