Неколку интересни факти за мобилните телефони

Сигурно не сте знаеле дека…

Nokia 1100 е најпродаваниот електронски уред во историјата, со продадени повеќе од 250 милиони парчиња.

Првиот мобилен телефон бил продаден во САД во 1983 година за 4.000 долари.

Во 2012 Apple продаваше повеќе од 340.000 ајфони дневно или околу четири во секунда.

mobilen-star

Фото: Pixabay

Мобилните телефони имаат 18 пати повеќе бактерии на себе отколку држачите во тоалетите.

Дури 90% од мобилните телефони во Јапонија се водоотпорни.

Несоницата, конфузијата и главоболките во голема мера се препишуваат на зрачењето од мобилните телефони.

Научници развија метод на полнење на мобилните телефони користејќи урина.

Првиот повик од мобилен телефон беше направен во 1973 од страна на Мартин Купер, човекот што го создаде.

Сегашните смартфони имаат поголема компјутерска моќ од сите компјутери коишто беа користени за Аполо 11 да слета на Месечината.

Во 1993, во Флорида беше претставен првиот смартфон со LCD екран на допир. Телефонот, наречен Симон беше дизајниран од IBM. Неговата цена изнесуваше 899 долари, а беа изработени само 2.000 примероци.

Седумдесет проценти од мобилните телефони се произведуваат во Кина.

Приближно 80% од светската популација поседува мобилни телефони или околу четири милијарди луѓе.

Во светот има пет пати повеќе мобилни телефони, отколку компјутери.

Деведесет проценти од СМС пораките се читаат во првите три минути откако ќе пристигнат.

Според Гинисовата книга на рекорди Sonim XP3300 Force е најиздржливиот телефон. Преживеал пад од 25,6 метри без никакво оштетување на оперативниот систем.

Индустријата на мобилни телефони е најбрзо растечката индустрија во светот.

iPhone 5 Black Diamond е најскапиот мобилен телефон во светот со цена од 15 милиони долари. Потребни се девет недели за да се изработи, а на себе има 135 грама чисто, 24 каратно злато и 600 бели дијаманти.

Корисниците на мобилни телефони најголем дел од своето време го поминуваат играјќи игри (49%) или социјално вмрежување (30%).