Фото: Pexels
Има повеќе митови и невистини за бизнисот. Популарни верувања што можат да ви попречат на патот кон успехот. За да не биде така, еве неколку од нив.
Приходот значи успех
Вистинската вредност на компанијата не се мери со остварените приходи. Успехот се базира на профитабилност. Секако, големината на приходите е важна, но фокусот секогаш треба да се става на профитабилноста и одржливоста на бизнисот.
Знаењето е моќ
Убаво е да имаш знаење, но ако не го примениш ќе биде залудно. Знаењето во вашите глави е само потенцијал којшто доколку се примени може да резултира со успех.
Неуспехот е лоша работа
Неуспехот треба да се гледа како една минлива препрека на патот кон успехот. Како една лекција научена на полесниот или потешкиот начин. Во никој случај не треба да биде причина за откажување.
Повеќе луѓе ќе ја забрзаат работата
Повеќе луѓе можат да ја забрзаат работата, но до одредена точка. Сепак, повеќе луѓе значи и покомплицирана комуникација, а неретко се случува продуктивните луѓе од тимот да ја занемарат својата работа помагајќи им на останатите да бидат поефикасни.
Клиентот е секогаш во право
Еден од најголемите митови. Не само што не е точно, понекогаш дури и треба да им се каже на клиентите дека не се во право. Не е лесна задача, но во ниеден случај не би сакале клиентот да ве чини пари.
Претприемачите се родени како такви
Во екстремно ретки случаи можеби да, таленти постојат, но најголемиот број на претприемачи стигнале онаму каде што се со учење и собирање на долгогодишно искуство.
Производот е најважен
Уште еден мит што често се сретнува е дека ако направиш одличен производ ќе успееш. Одличните производи не успеваат сами по себе, бизнисот успева. Ако сакате да ја победите конкуренцијата тоа нема да можете да го направите само со успешниот производ. Ќе треба да ги надминете во уште многу други сегменти.