Неколку улици во Скопје утре без струја

19

sijalica-pixabay

Фото: Pixabay

Поради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците, утре неколку улици во Скопје и околните села ќе бидат без напојување со електрична енергија.

Утре, од 12 до 13 часот без струја ќе бидат потрошувачите од улиците Јордан Филиповски, Трпе Петровски, Петар Дељан и Жил Верн, од 11 до 12 струја ќе нема на улиците Мегленска, Кавалска и Милан Михалковиќ, а од 9 до 12 ќе нема струја на улиците Дарвинова и Тургењев во општина Кисела Вода.

Од 8:30 до 11 часот ќе нема струја на улиците Димитар Беровски, Партение Зографски, Востаничка, Рилски Конгрес и Ѓорѓи Скижевски во општина Центар, а од 12 до 13 часот на улицата Самоилова.

Во општина Карпош пак од 13:45 до 14:45 ќе нема струја на дел од улилицата Леринска, а од 9 до 14 часот на булеварот Македоска Косовска Бригада во Чаир. Од 9:45 до 15:30 часот струја ќе нема во селото Копаница, општина Сарај, јави Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија.