Неколку видео докази дека и големите шефови “откачуваат”

24

branson

Фото: YouTube

Тие се богати, познати, држат челни позиции во глобални корпорации или водат огромни проекти. Сепак, светските бизнисмени понекогаш случајно или намерно се наоѓаат во несекојдневни ситуации, а по некое непишано правило, тоа секогаш го забележуваат камерите.

Во продолжение погледнете неколку видеа кои ги прикажуваат познатите од корпоративниот свет во малку поинакво издание.

Бил Гејтс

Соосновачот на Microsoft во еден постар ТВ прилог на CBS покажа колку вешто прескокнува столици. Неодамна изјави дека ова веќе не му успева, со оглед на тоа дека од снимката до денес се поминати 20 години.

Стив Балмер

Поранешниот извршен директор на Microsoft е познат по своите театрални и енергични настапи во времето кога шефуваше во оваа компанија. Неговото лудување му стана и заштитен знак.

Ричард Брансон

Првиот човек на групата Virgin, Ричард Брансон, се облече како стјуардеса и служеше на летот од Куала Лумпур до Лондон. Ова го направи затоа што изгуби облог од сопственикот на авиокомпанијата AirAsia, во врска со Формула 1.

Доналд Трамп

Некои ќе кажат дека со парите расте и нивото на ексцентричност. Во случајот на Доналд Трамп оди до таму што пред камерите ја избричи главата на Винс МекМахон, шефот на светската боречка организација WWE.