Нема повеќе “дами и господа“ во Lufthansa

33

Германскиот авиопревозник Lufthansa одбра родова неутралност и на земја и во воздух и повеќе патниците нема да бидат поздравени од екипажот со формулацијата “дами и господа“.

“На екипажот е да избере како ќе им се обрати на патниците“, рекол портпаролот на авиопревозникот за Associated France Press.

Наместо традиционалниот поздрав се предлага кабинскиот персонал да ги поздрави патниците со изразите “драги патници“ или “добар ден“.

Одлуката е резултат на промените во општеството со коишто се почитуваат сите луѓе, а “за тој процес потребно е извесно време“, смета портпаролот на Lufthansa.

Новата родово неутрална формулација ќе важи за сите авиопревозници во групацијата, во којашто влегуваат и Austrian Airlines, Swiss, Eurowings и Brussels Airlines.

Фото: Pexels