Нема повеќе готово мелено месо

41

Отсега мелено ќе може да се купи во месарница само ако истото се одбере од страна на потрошувачот и се сомеле пред него, или ако тоа е подготвено во оригинално пакување, во специјализирани објекти кои се одобрени и регистрирани во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Според новиот правилник, мелено месо и ќебапчиња ќе може да се продаваат само ако се спакувани и декларирани од преработувачки капацитет.

Новиот правилник е подготвен во соработка со бизнис секторот. Инспекциските служби веќе вршат контроли на пазарот со цел да утврдат дали се применува.