Немаа идеја што да прават со 140 милијарди евра – сега знаат што со толку пари

62

Шпанскиот премиер, Педро Санчес, минатата недела претстави план за креирање 800.000 работни места, со што сака да ја заживее економијата што беше тешко погодена од пандемијата, пренесуваат светските медиуми.

Шпанија е втора земја во ЕУ што добива најмногу пари од европскиот фонд за закрепнување во висина од 140 милијарди евра.

Плановите на Санчез се насочени кон “модернизација на земјата во следните шест години“, како и “трансформација од земја погодена од пандемијата во земја на големи можности“.

Над 37% од европските пари ќе се трошат за еколошки проекти, а скоро 33% на дигитална трансформација.

Шпанија е четврта најголема економија во еврозоната, но се соочува со сериозни предизвици поради високата стапка на невработеност.

Откако ја добија финансиската помош, Шпанија се соочи со проблем бидејќи државата немаше првична идеја како да ги искористи тие пари.

Фото: Freepik