Немаат пауза за тоалет, ама добија кабина за ментално здравје

Откако компанијата Amazon го претстави AmaZen, киоскот за ментално здравје, наиде на силни критики по извештаите за проблематични услови за работа во компанијата и штрајкови на работниците од Аmazon ширум светот.

Аmazon синоќа ги “запали“ социјалните мрежи со видео од својот AmaZen, мала, затворена кабина поставена во магацин каде што можат да одат работниците и “да се фокусираат на нивното ментално здравје“.

Интерактивниот киоск, каде работниците можат да гледаат видеа за менталното здравје и практики за самосвесност, шокираше многумина, особено по се повеќе извештаи за нехумани услови за работа во компанијата на најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, каде работниците немаат пауза за тоалет.

Amazon заработи милиони за време на пандемијата на коронавирус, но платите на вработените останаа исти. И покрај заканите и притисоците, работниците од Аmazon од целиот свет започнаа да се организираат во синдикати и да штрајкуваат во потрага по подобри плати и услови за работа.

Фото: Twitter