Неметали Огражден за девет месеци прокнижи добивка од 2,7 милиони денари

21

nemetali-ograzden

Неметали Огражден од Струмица, во текот на деветте месеци од оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 2.765.000 денари, покажува неревидираниот консолидиран биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – септември лани, добивката на компанијата изнесуваше 1.060.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на крајот на септември оваа година беа на ниво од 102.835.000 денари. На домашен пазар реализацијата достигна вредност од 68.498.000 денари, додека продажбата на пазари во странство е 34.337.000 денари.

Основна дејност на Огражден е експлоатација и преработка на минерална суровини.