Ненаселен остров се продава за 58.525 евра

144

Ненаселен остров во Шкотска, за кој се смета дека содржи едни од најубавите диви предели во земјата, се продава за 50.000 фунти, што изнесува 58.525 евра. Овој остров се наоѓа на северозапад од Шкотска и се простира на девет хектари, а во водата што го опкружува можете да видите делфини, китови и ајкули.

Островот Carn deas е опишан како мистична, интимна, мирна и шармантна оаза за сите кои сакаат да избегаат од реалноста и да внесат живот во нивните бели дробови.

“Чудесната убавина на Carn deas лежи во неговата природна недопрена убавина. Тука навистина можете да избегате од реалноста, да земете длабок здив и да уживате во она што ни нуди природата “, вели Фенинг Велстедф, партнер за шумска служба во Единбург. Овој остров е идеален за кампување, нуркање, пливање и пловење.