Почетна Новости Неочекуван потег на најбогатиот човек

Неочекуван потег на најбогатиот човек

70

Извршниот директор на Amazon и најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, рече дека неговата компанија поддржува зголемување на стапката на данок на доход, пишува CNN.

“Ние го поддржуваме фокусот на администрацијата на Бајден за смели инвестиции во инфраструктурата во САД. И демократите и републиканците ја поддржуваа инфраструктурата во минатото и ова е вистинско време да работиме заедно за да го оствариме тоа. Свесни сме дека за оваа инвестиција ќе бидат потребни отстапки од сите партии “, рече Безос.

Белата куќа поставува основа за зголемување на стапката на данок на добивка над сегашното ниво од 21% за да помогне во финансирање на амбициозен пакет за инфраструктура. Во изјавата на Безос е забележана поддршка за ваквиот потег, бидејќи многу други во деловната заедница предупредуваат дека тоа може да го загрози закрепнувањето од пандемијата.

Извршниот директор на Аmazon во заминување е на некој начин неочекуван поборник за зголемување на даноците на компаниите.

Фото: Facebook