Неоткриени дестинации во светот, една е во наша близина

53

Туризмот поради пандемијата претрпе огромни загуби, а најмногу се погодени оние земји коишто се најмногу зависни од туристичкиот промет и оние кои се најпопуларни во светот.

Но, туристичката агенција Undiscovered Destinations, направи анализа врз основа на пребарувањата на Google, односно која дестинација е најмалку барана од страна на туристите.

Од вкупно 55 земји што се најдоа на листата има и една од регионот, а тоа е Косово, што се најде на второ место.

Меѓу 10-те најмалку пребарувани дестинации на Google од страна на туристите се: Конго, Косово, Лесото, Мавританија, Науру, Буркина Фасо, Бурунди, Централна Африканска Република, Коморос и Јужен Судан.

Фото: Pexels