Неплатената прекувремена работа “во мода“ за време на пандемијата

46

Еден од 10 вработени неделно работат повеќе од 20 часа прекувремено и бесплатно, покажуваат најновите истражувања. Вработените во просек работат по 9,2 часа неплатено и прекувремено неделно, во однос на 7,3 часа пред само една година.

“Менаџерите имаат одговорност да знаат колку работат нивните вработени. Неодговорно е да се препушти вработениот да му каже на менаџерот дека работел прекувремено“, вели Кевин Рокман, професор по менаџмент.

Таквата менаџерска пракса, според него, може да ги направи вработените поранливи, а оние со привремен работен ангажман се ставаат во неповолна позиција, бидејќи оние кои се чувствуваат сигурно на своите позиции би биле посигурни да го изјаснат своето незадоволство.

Работниците работат прекувремени или за да надоместат за колегите кои ја загубиле или напуштиле работата или едноставно да се изборат со дополнителните оптоварувања што ги донесе пандемијата.

Фото: Freepik