Непроменет индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во март

20

Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во март оваа година, според раководителите на деловните субјекти, е непроменет во однос на претходниот месец, а во однос на март минатата година е зголемен за 2,8 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во март 2015, во однос на февруари 2015 година, е поповолна, состојбата со залихите на готови производи e поповолна, како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци.

Економската состојба на деловните субјекти е оценета како поповолна во однос на претходниот месец, а како поповолна и во однос на март 2014 година. Истото се однесува и на оценката за бројот на вработени.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во март 2015 година изнесува 62,6% од нормалното искористување.

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 25,1%, недостигот на квалификувана работна сила со 24,7%, недоволната домашна побарувачка со 24,3% и финансиските проблеми со 6,2%.