Непроменети цените на мало во јуни оваа година

9

Трошоците на живот и цените на мало во јуни оваа година, во однос на претходниот месец, останаа исти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Пораст на трошоците на животот во јуни 2016 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 11%, тутунот за 5,8%, другите прехранбени производи за 0,5%, јајцата за 0,4% и маслото и маснотиите за 0,2%.

Во јуни, исто така, пораст на трошоците на животот е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 9,6%, течните горива и мазива за домаќинствата за 3,2%, гасот за домаќинствата за 2,8%, услугите за сместување за 1,1%, големите електрични апарати за 0,9%, малите електрични апарати за 0,6%, обувките, другите медицински производи и специјалистичките прегледи за 0,3%, терапевтските апарати и опрема и информатичката опрема за 0,2%.

Намалување на трошоците на животот во јуни 2016 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 8,9%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1,3%, другите пекарски производи за 0,9%, сушеното, соленото и чаденото месо, сувото овошје и јаткастите производи за 0,5%, рибата и морските плодови и замрзнатиот зеленчук освен компирот за 0,3% и безалкохолните пијалаци за 0,2%.

Исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 10,8%, болничките услуги за 4,8%, туристичките пакет аранжмани за 2,6% и градините, растенијата и цвеќињата за 1,2%.

Трошоците на животот и на цените на мало во јуни 2016 година, во споредба со јуни 2015 година, бележат намалување од 0,7%.