Непроменети цените на угостителските услуги во април

19

Цените на угостителските услуги во април оваа година, во споредба со претходниот месец, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во април 2021 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,1%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – април 2021 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0,3%, додека во однос на декември 2020 година остана на исто ниво.

Фото: Pixabay