Непроменети цените на угостителските услуги во април

12

Според податоците на Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во април 2016 година, во споредба со март 2016 година, останаа на исто ниво.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0,1%.

Цените на угостителските услуги во април 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0,3%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – април 2016 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0,4%, додека во однос на декември 2015 година остана на исто ниво.