Непроменети цените на угостителските услуги во август

17

Цените на угостителските услуги во август оваа година, во споредба со претходниот месец, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во август 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0,4%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – август 2016 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,4%, додека во однос на декември 2015 година се зголемени за 0,1%.