Непроменети цените на угостителските услуги во декември

21

Цените на угостителските услуги во декември минатата година, во однос на ноември, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во декември 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0,6%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – декември 2015 година, во однос на истиот период од претходната година, е зголемен за 0,5%, додека во однос на декември 2014 година е зголемен за 0,4%.