Непроменети цените на угостителските услуги во февруари

21

Цените на угостителските услуги во февруари оваа година, во споредба со претходниот месец, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, намалување е забележано во групата Алкохолни пијалаци за 0,3%. Цените на угостителските услуги во февруари 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,6%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – февруари 2016 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0,6%, додека во однос на декември 2015 година остана на исто ниво.