Непроменети цените на угостителските услуги во јуни

18

Цените на угостителските услуги во јуни оваа година, во однос на претходниот месец, останаа непроменети, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во јуни 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,2%.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Алкохолни пијалаци за 0,2%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – јуни 2016 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,4%, додека во однос на декември 2015 година, се зголемени за 0,1%.