Непроменети цените на угостителските услуги во ноември

11

Цените на угостителските услуги во ноември оваа година, во споредба со претходниот месец, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Ноќевања за 0,1%.

Цените на угостителските услуги во ноември оваа година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0,7%.

Кумулативно,цените на угостителските услуги за периодот јануари – ноември 2014 година, во однос
на истиот период од минатата година, е намален за 0,7%, додека во однос на декември 2013 година е зголемен за 0,4%.