Непроменети цените на угостителските услуги во септември

43

Цените на угостителските услуги во септември, во споредба со претходниот месец, останаа непроменети, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Алкохолни пијалаци за 0,2%, Безалкохолни пијалаци за 0,2% и Ноќевања за 0,1%.

Цените на угостителските услуги во септември 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,4%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – септември 2016 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,4%, додека во однос на декември 2015 година се зголемени за 0,2%.