Непроменети цените на угоститеските услуги во мај

13

Цените на угостителските услуги во мај оваа година, во однос на претходниот месец, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Алкохолни пијалаци за 0,1%.

Цените на угостителските услуги во мај 2015 година, во однос на истиот месец од претходната
година, е зголемен за 0,6%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – мај 2015 година, во однос на
истиот период од минатата година, е зголемен за 0,4%, додека во однос на декември 2014 година е зголемен
за 0,2%.