Netflix ќе има значителен дел од телевизискиот пазар до 2025

54

Netflix добро познатата платформа за стриминг оваа година генерирала приходи над 24 милијарди долари, но помалку од еден процент од таа сума доаѓа од изнајмување ДВД.

Компанијата излезе на берза во 2002 година, кога се приклучи на индексот NASDAQ со NFLX ознаката и цена од 15 долари по акција.

Платформата за стриминг Netflix се појави во 2007 година, а во 2015 година компанијата го произведе својот прв оригинален филм. До 2017 година, бројот на корисници на платформата надмина 100 милиони, а во 2021-ва година е двојно поголем.

Цените на акциите на компанијата растеа бавно во периодот од 2017 до 2020 година, па од 130 долари до март минатата година достигнаа цена од приближно 340 долари за акција.

Причина за наглиот раст на акциите е пандемијата на коронавирусот, а во ноември годинава достигнаа рекордна вредност од над 700 долари, а моменталната цена е околу 663 долари.

За време на пандемијата, Netflix доминираше на пазарот за стриминг услуги во Соединетите држави, со удел од 34 проценти. Компанијата се надева дека ќе ја задржи таа позиција во однос на ривалите како што се Disney + и Paramount +.

Според ArkInvest, во следните неколку години кабелската телевизија ќе стане сосема непотребна, ако се земе предвид дека „плаќањето за повеќе од илјада канали, од кои 90 отсто корисници воопшто не ги гледаат, сега изгледа лудо“.

Истражувањето на ArkInvest сугерира дека Netflix би можел да им понуди на кабелските оператори попуст од 70 проценти за стриминг услуги, што би значело уште подобро позиционирање и раст на акциите на компанијата на телевизискиот пазар до 2025 година.