Нето добивка од над 230 милиони денари за НЛБ Тутунска банка во првите три месеци

23

nlb

НЛБ Тутунска банка во период од први јануари до 31-ви март работеше со добивка во висина од 230.667.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Нето добивката на банката, според анализата на билансот на успех, е повисока за 16,8% во однос на истиот период претходната година, кога добивката на банката беше 197.453.000 денари.

Во првото тримесечје од 2015 година, нето каматните приходи се повисоки за 14,4% споредено со истиот период од претходната година. Приходите од камати се зголемени за 0,8% поради повисоки остварени приходи од камата во сегментот население, кои се резултат на повисоката состојба на кредити.

Од друга страна, расходите по камати се пониски за 20,2% како резултат на намалување на каматните стапки на депозитите, помал износ на обврски по кредити и пониска состојба на депозитите од пензиските фондови.