Нето добивката на Total лани се “лизна“ за 66%

22

Енергетскиот гигант Totaл прикажа остар пад на добивката остварена во 2020 година, а како причина ја наведе кризата на нафтените пазари поради пандемијата.

Добивката на Total за 2020 година достигна 4,06 милијарди долари, надминувајќи ги очекувањата од 3,86 милијарди долари. Во споредба со добивката за фискалната 2019 година, кога изнесувала 11,8 милијарди долари, тоа претставува пад од 66% на годишно ниво.

Total, исто така, оствари нето добивка во четвртото тримесечје од 1,3 милијарди долари, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите од 1,1 милијарда долари.

Акциите на Total денеска забележаа скок од 0,8%, а лани имаа пад од 28%.

Фото: Freepok