Нето плата од 24.817 денари во октомври

26

Фото: Pixabay

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во октомври оваа година, изнесува 24.817 денари, додека во бруто износ е 36.488 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемена 6,3%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (22,2%), Информации и комуникации (18,7%) и Преработувачка индустрија (11%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (5,1%), Административни и помошни услужни дејности (3,9%) и Други услужни дејности (3,8%).