Нето платата во ноември изнесуваше 23.196 денари

20

novcanik-noz-i-viluska-pixabay

Фото: Pixabay

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во ноември лани, изнесува 23.196 денари, додека во бруто износ е 34.079 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во ноември лани, во однос на  ноември 2016 година, е зголемена за 3,6%.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Преработувачка индустрија (8,9%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (8,7%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (7,6%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (15,8%), Транспорт и складирање (5,9%) и Стручни, научни и технички дејности (4,3%).

Во ноември лани, 1,1% од вработените во земјава не зеле плата.