Нето загуба на General Motors во вториот квартал од 758 милиони долари

37

Компанијата General Motors забележа нето загуба во вториот квартал од 758 милиони долари или 56 центи по акција, во однос на профитот од 2,4 милијарди долари или 1,66 долари за акција во истиот период во 2019 година.

На прилагодена основа, негативниот финансиски резултат изнесува 806 милиони долари, а кога се исклучуваат еднократните ставки загубата изнесува 50 центи по акција, додека аналитичарите очекуваа загуба од 1,77 долари по акција, пренесува Reuters.

Главниот финансиски директор на GM, Дивија Сурјадевара, изјави дека доколку економијата на САД продолжи да закрепнува од корона кризата и доколку нема нови прекини во производството во автомобилската индустрија, компанијата може да генерира доволно пари за да го отплати заемот од 16 милијарди долари до крајот на годината.

Таа додаде дека во вториот квартал GM регистрирале знаци на закрепнување на прометот во својата малопродажба по пад од 35% во април во однос на истиот месец во 2019 година, бидејќи тој пад во мај и јуни беше ублажен на 20%.

Фото: Facebook