Неутрални банкомати – што е тоа?

159

Четири банки во Белгија почнуваат соработка од којашто ќе произлезе мрежа од неутрални банкарски банкомати, со цел да се прилагодат на промените во однесувањето на клиентите, кога станува збор за готовината.

Станува збор за банките: Belfius, BNP Paribas, ING и KBC коишто го прилагодуваат своето работење на навиките на клиентите, кои сè помалку сакаат да располагаат со готовина. Главна причина за ваквата одлука е во намалениот обем на подигнување на готовина од банкоматите, како резултат на желбата да се има што е можно помалку контакт со пари.

Неутралните банкомати би биле поставени во трговски центри и на оддалечени локации. Се очекува нивно постепено поставување на повеќе места, а првите се очекуваат веќе следната година.

Неодамна, две конкурентни банки во Германија ги здружија силите и отворија заедничка филијала. Банките, на овој начин, планираат да заштедат околу еден милион евра годишно.

Фото: Pixabay