Невработеност од 22,1% во третото тримесечје од оваа година

21

vraboten-pixabay

Фото: Pixabay

Невработеноста во третото тримесечје од оваа година достигна ниво од 22,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Стапката на активност во овој период е 56,8%, додека стапката на вработеност изнесува 44,2%.

Во пресметковниот период, активното население во земјата брои 954.814 лица, од кои вработени се 743.451, а 211.363 лица се невработени.