Невработеност од 22,9% во првото тримесечје од 2017 година

23

bara-rabota-alat-pixabay

Фото: Pixabay

Стапката на невработеност во првото тримесечје од оваа година изнесува 22,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во овој период, активното население во Република Македонија брои 952.644 лица од кои вработени се 734.043, а 218.601 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 56,7%, додека стапката на вработеност е 43,7%.