Невработеност од 23,1% во последното тримесечје од 2016 година

24

bara-rabota-pantaloni-pixabay

Фото: Pixabay

Стапката на невработеност во последното тримесечје од 2016 година е 23,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Стапката на активност во овој период е 56,6, а стапката на вработеност е 43,5.

Во четвртото тримесечје од минатата година, активното население во Македонија брои 950.255 лица, од кои вработени се 731.107, а 219.148 лица се невработени.