Невработеност од 28,4% во првото тримесечје од оваа година

11

Стапката на невработеност во првото тримесечје од оваа година е на ниво од 28,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во овој период, активното население во Македонија брои 958.392, од кои вработени се 686.277, додека 272.115 се невработени.

Според возраста, кај лицата од 15 до 24 години стапката на невработеност е 54,6%, од 25 до 49 години – 26,5%, додека кај лицата на возраст од 50 до 64 години е 22,2%.

Во поглед на образовниот профил, најмногу невработени, односно 131.712 се со средно образование, потоа следат оние со основно се 61.497 лица, додека оние со високо образование како невработени се 38.425.

Кога станува збор за полот, 58,8% од невработените се мажи, додека кај жените тој процент е 41,2%.