Nikola Tre – електричен камион прилагоден за европски патишта

20

Фото: Nikolamotor

Американската компанија Nikola го адаптираше својот електричен камион со погон на водород и го прилагоди за европскиот пазар.

Овој камион има мотор со сила од 500 до 1.000 коњски сили, со едно полнење може да помине од 500 до 1.200 километри, а полнењето со компримиран водород се извршува за 20-тина минути.

Засега не се открива цената по којашто ќе се продава овој камион, но од компанијата велат дека освен продажба ќе понудат и лизинг.

Производството на Nikola Tre се очекува да почне во 2022 или 2023 година.