Николас Бергруен: Милијардер без покрив над главата

102

Николас Бергруен, инвеститор со германско-американско потекло чие богатство се проценува на 1,77 милијарди евра, живее само во хотели со пет ѕвездички, откако пред 12 години го продаде целиот свој недвижен имот.

Бергруен, кој е 546. на листата на Форбс на најбогати луѓе во светот, познат како “милијардер SDF”, се одлучи пред 12 години да го продаде својот имот во Њујорк – Менхетн, Флорида и Мајами, останувајќи така “без кров над глава”, објави лондонскиот  таблоид Дејли мирор.

Овој 51-годишен самец не сака да си изнајми стан или си купи куќа, но затоа живее во хотели со пет ѕвезди од целиот свет кои ги посетува со неговиот авион Galfstrimom IV, со што во само еден месец престојува во 14 различни градови.

“Јас не сум приврзан за материјалните нешта. Имам многу малку нешта, неколку документи, две или три книги и неколку маици, јакни и џемпери”, објасни милијардерот неодамна за Дејли мирор.

Империјата Bergruen е создадена речиси од нула. Поточно, со заем од 190.000 € даден на него од страна на богат дилер со уметнички дела.

Бергруен во 1988 година учествуваше во формирање на фондот Alfa Investment Menagment, пред тој да ја формира своја компанија, Bergruen Holdings, која сега има повеќе од 30 филијали во целиот свет и кои постигнуваат годишен приход од повеќе од четири милијарди евра, пренесуваат француските електронски медиуми.

Бергруеновото богатство се зголемува со купување на синџирот хотели и делови од главниот капитал на големи компании, вклучувајќи ја и германската продавници Karstad и шпанскиот медиумски гигант Prisa.

Неговата последна голема инвестиција е инвестицијата од  1,4 $ да стане сопственик на 29% од акциите на ланец на ресторани за брза храна – Бургер Кинг.

Милијардерот се вклучи во проектот Заветот на добротворците, кој започна во август 2010 година, на иницијатива на најбогатите луѓе во светот  Бил и Мелинда Гејтс и Ворен Бафет, со прифаќање да подари за добротворни цели половина од неговото богатство.

Целта на проектот е да се охрабрат младите богаташи да донираат пари на добротворни организации и да што порано тие станат филантропи.