NILS – 2 во едно, кабел и алка за рака

Фото: Kickstarter

NILS е првиот кабел којшто е дизајниран да може да се носи на рака, како алка.

Достапни се три модели, мала, средна и голема алка, во зависност од големината на раката на корисникот. Производот доаѓа во 7 бои и тоа: црна, темно зелена, кафеава, темно сина, светло сина и темно црвена.

Кабелот може да се користи за полнење на паметен телефон на лаптоп, power bank или како класичен полнач.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Сан Диего, Калифорнија и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 14.844 долари од потребните 10.000 долари, а кампањата трае уште 56 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во октомври годинава.