Нина Ангеловска и Жарко Димитриоски на листата 30 Under 30 на Forbes

251

forbes

Фото: Forbes

Нина Ангеловска, генерален менаџер и ко-основач на Grouper.mk, и Жарко Димитриоски, водител и ко-основач на маркетинг агенцијата Еден на еден, се најдоа на листата 30 Under 30 за Европа на магазинот Forbes. Ангеловска е на листата на успешни млади луѓе под 30 години во категоријата малопродажба и е – трговија, додека Димитриоски е во категоријата медиуми и маркетинг.

На европската листа на млади и успешни луѓе, на овие двајца млади и успешни Македонци, друштво им прават 300 лица од 34 европски земји. Оваа година за прв пат има претприемачи од Белорусија и Косово.

Млади и успешни луѓе се најдоа на листата на Forbes во 13 категории, меѓу кои се: уметност и култура; забава; право; малопродажба и е – трговија; наука и здравствена заштита; познати; најмлади; социјални претприемачи; технологија; медиуми и маркетинг; индустрија; финансии и претприемачи кои успеале да привлечат голем капитал.