Ништо не се фрла: Од залихи пиво прават популарен пијалак

71

Ова требаше да биде голема година за Јапонија, бидејќи Летните олимписки игри во 2020 година требаше да се одржат во Токио. Островската држава очекуваше да ја посетат 40 милиони туристи. Но, кога Ковид-19 зема замав, Олимписките игри беа одложени.

Бидејќи баровите и рестораните претрпеа значителен пад во работењето, продажбата на пиво во Јапонија падна за 26% во првата половина на годината, наведува Bloomberg.

Ова им создаде голем проблем на малите пиварници. За тоа сведочи и Исама Јонеда, од Kiuchi Brewery, кој вели дека им останале многу залихи од овој популарен алкохолен пијалок. Тие морале брзо да дојдат до решение, за да не исчезнат скапоцените залихи што нема да се користат.

Одлучиле  пивото на кое му истекува рокот да го претворат во друг алкохолен пијалок, а тоа е џин. Уште во април, тие ја започнаа кампањата Save Beer Spirits,  така што на пиварниците и локалните барови им понудиле шанса непродаденото пиво да го искористат и да заработат пари.

Станува збор за пиво со рок на траење од четири до шест месеци, кое не би имало рок на траење доколку се претвори во џин. Во 1994 година, Јапонија ги олабави своите строги закони во врска со помалите пиварници, што предизвика пораст на производители на занаетчиско пиво. Иако вкупната продажба на пиво во Јапонија стагнира во последната деценија, занаетчиското пиво е во пораст.
Неговиот удел од 0,5% на вкупниот пазар на пиво во 2007 година е зголемен за трипати повеќе до 2016 година.
Kiuchi Brewery, основана во 1823 година, е една од многуте производители на пијалоци што се претворија во занаетчиска пиварница кога се сменија законите за малите пиварници.

Јапонската пивара, стара 200 години побара од баровите кои учествуваат во кампањата да испратат најмалку 20 литри пиво на кое му истекува рокот. Од секои 100 литри пиво се добива околу осум литри џин, а потоа се пакува во шише од 750 милилитри.

Фото: Kiuchi Brewery