Ниски цени како мамка: Модните продавници имаат сè посиромашна понуда, сомнителен дизајн и квалитет

98

Во светот на брзата мода, се случија одредени промени откако избувна пандемијата Ковид-19 во пролетта 2020 година. Ригорозните мерки влијаеа и на синџирите на снабдување, со акумулација на стоки што нема кој да ги купи.

Физичките продавници претежно не работеа, а купувањето преку Интернет има свои недостатоци: прво, луѓето купуваа само еден сегмент на облека – пижами и тренерки, а од друга страна, поради недостаток на паричен надоместок за враќање на стока при купување преку Интернет, големи количини од стоката често се враќа, бидејќи не им одговара на клиентите кога ќе ја видат во живо.

Шведскиот моден гигант, престана да прифаќа торби полни со стара облека кога започна кризата,  а кои клиентите ги носеа со цел да добијат ваучери за попуст за возврат. Зад сето тоа стои идејата за рециклирање и зголемената свесност за одржливоста. Сепак, во еден момент тие веќе не знаеја каде да одат со толку многу парчиња облека.

Како функционира системот на брза мода?

Релативно ниските цени се примамливи, но има свои последици. Како прво, она што клиентот на почетокот може да не го забележи е послаб квалитет. Се чини дека токму таквата стока се продава во последно време.

Потрошувачите исто така се жалат на тоа дека во продавниците покрај толку многу гардероба, едвај наоѓаат парче облека што им се допаѓа да го купат бидејќи гардеробата е од изминати сезони.

Модната индустрија исто така се соочува со тоа што години наназад се соочуваат со притисок да го намалат нивото на производство, за да се намали степенот на загадување.

Истражувањето на Clean Clothes Campaign, објавено во август 2020 година, покажа дека само во првите три месеци од минатата година, среде пандемија, на работниците им должеле неплатени плати од 3,2 до 5,8 милијарди долари. За модните компании профитот дефинитивно опадна, бидејќи купувањето преку Интернет не успеа да го надмине традиционалното купување.

Од друга страна, гигантите започнаа масовно да ги откажуваат веќе договорените нарачки, токму поради вишокот стока со која се борат повеќе од една година. Купувањето можеби не продолжи во иста мера како порано, или не е лесно да се компензира за неколкумесечна блокада, но хиперконзумеризмот секако е сè уште присутен и добро вкоренет.

Истражување од Велика Британија покажува дека 33% од испитаниците сметаат дека некое парче облека е старо само по три носења. На трендот на масовно и постојано купување влијаат силните реклами. Дополнителен “проблем“ се т.н. “трајно ниски цени“. Овој концепт се појави по кризата во 2008 година, кога трговците смислија како постојано да привлекуваат клиенти: тие нудат или нон-стоп промоции или периодични попусти. Но, треба да имате предвид дека оваа намалена цена е значително повисока од производната, а особено од редовната малопродажна цена.

Фото: Freepik