Nissan ја претстави хибридната постава на Qashqai за 2021

15

Целосно новиот Qashqai наскоро ќе пристигне на европскиот пазар, а Nissan одлучи да сподели информации за својата хибридна постава на мотори.

Новиот Nissan Qashqai наскоро пристигнува во Европа, а за таа цел јапонскиот производител одлучи да откри детали за својата постава на агрегати којашто ќе биде исклучиво хибридна. Веќе е познато дека новиот Qashqai ќе биде првиот модел на компанијата што ќе понуди e-Power погон со продолжување на опсегот во Европа, но сега имаме повеќе детали за сето тоа.

Пристапот на Nissaan кон електрификацијата е нешто поинаква во однос на останатите производители со оглед на тоа дека се одлучи за погони со продолжување на опсегот на движење наместо потрадиционалните plug-in хибриди. За разлика од PHEV, тука моторот со внатрешно согорување не е поврзан со тркалата, туку делува како уред за полнење на батеријата, со што автомобилот добива карактеристики на електричен автомобил и, според Nissan, супериорна ефикасност и пониски CO2 емисии.

E-Power единицата во новиот Qashqai е развиен специјално за него и користи 1,5-литарски бензински мотор со варијабилна компресија како продолжувач на опсегот за батеријата со „висок капацитет“. Електромоторот, кој ги придвижува тркалата, испорачува 190 КС, колку што е официјалната моќност на новиот Nissan Qashqai e-Power кој ќе се најде во продажба подоцна во 2021 година.

Голем број новитети

Nissan истакнува дека новиот Qashqai e-Power, кој ќе биде достапен единствено со погон на две тркала, не само што забрзува побрзо во однос на своите хибридни ривали, туку истото го прави со пониски пониски вртежи, што значи дека ги нема истите проблеми како другите паралелни хибриди со CVT менувач. Освен тоа, Nissan исто така го додаде и e-Pedal режимот, кој за прв пат беше претставен кај Leaf електричниот модел, со што се овозможува вистинско возење со само една педала.

Остатокот од погонот кај новиот Qashqai ќе бидат унапредени, блага хибридна верзија на 1,3-литарскиот DiG-T бензински мотор. Овој агрегат, кој оригинално е заеднички развиен меѓу Nissan, Renault и Daimler, сега пристигнува со 12-волтен благ хибриден систем, со што се додава само 22 килограми во тежината на возилото, а ќе се нуди со две различни моќности – со 140 КС и 158 КС.

Базичната верзија на 1,3-литарскиот благ хибриден погон на Qashqai со 140 КС ќе се нуди само со погон на две тркала и шестстепен мануелен менувач, додека помоќната варијанта со 158 КС ќе биде опционално достапен со погон на сите тркала и новата Xtronic CVT трансмисија.

Преземено од Avtoplus.mk