Њујорк делумно го укинува задолжителното носење на маски

30

Државата Њујорк ја укинува обврската за носење маски за целосно вакцинираните против коронавирусот на бројни јавни места, изјави гувернерот Ендру Куомо.

“Невакцинираните ќе треба да продолжат да носат маски“, рекол тој.

Вакцинираните и понатаму ќе мора да носат маски во јавниот превоз, во училиштата и на некои други јавни места.

Според него, приватните компании би можеле да наметнат сопствени правила на купувачите и другите посетители.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести ги советуваше целосно вакцинираните луѓе да не носат маски на отворени и во повеќе места каде што е затворен просторот.

Фото: Pixabay