НЛБ Банка го продолжува периодот за бесплатно користење на мобилно и електронско банкарство до 31-ви мај

22

Согласно барањата клиентите за продолжување на периодот за бесплатно користење на мобилното и електронското банкарство, нивна поддршка во користењето на дигиталните услуги, како и обезбедување на поголема заштита на вработените и клиентите од Корона вирусот, НЛБ Банка го продолжува периодот за бесплатно користење на мобилно и електронско банкарство до 31-ви мај.

Со ова, на клиентите им е овозможено да ги извршуваат сите банкарски трансакции од дома, директно преку мобилен телефон или компјутер, без провизија за електронски налози и без трошоци за месечен надомест за користење на НЛБ мКлик мобилното банкарство.

Уште еднаш, НЛБ Банка апелира до сите свои клиенти да се грижат за јавното здравје, да се заштитат себеси, а со тоа и да ги заштитат другите. Преку користење на НЛБ мКлик мобилното и НЛБ Клик електронското банкарство сите трансакции можат да ги реализираат од својот дом, без потреба од посета на експозитура.