НЛБ Банка го прослави својот 35-годишен јубилеј со голем акустичен концерт

16

Во услови на пандемија и неопходна физичка дистанца, НЛБ Банка го одбележа својот 35-годишен јубилеј на сосема поинаков и невообичаен начин. Со пораката Сплотени преку музиката прославуваме заедно тие на македонската јавност и подарија целовечерен акустичен концерт со неколку од нашите најголеми музички ѕвезди. Со поддршка на македонската музичка сцена, Банката упати уште една силна порака и ја покажа грижата за македонските уметници и нивната важност во услови на пандемија.

Концертот кој беше прикажан вчера вечер на Канал 5 телевизија, но и преку нивнитe официјални Фејсбук и Јутјуб канали, предизвика бројни позитивни реакции кај клиентите, соработниците и воопшто целата македонска јавност.

Преку гитарските рифови на Влатко Стефановски, моќните женски вокали на Каролина Гочева, Тамара Тодевска и Ареа и секогаш актуелните Нокаут, Банката се обиде да ја пренесе силната желба за заеднички да го прослави 35-годишниот јубилеј со сите свои вработени, клиенти и соработници.

На самиот залез од 2020 година кога на сите ни е јасно дека работите уште долго време нема да можат да се вратат во својата нормала, НЛБ Банка со овој музички подарок успеа да внесе во домовите ведрина, свежина и позитивен дух.