НЛБ Банка ја продолжува промотивната кампања за сите кредити за физички лица

19

nlb-banka-novo-logo

НЛБ Банка ја продолжува промотивната кампања за кредити за физички лица до 30.06.2017 година, стои во соопштението.

Во рамки на кампањата, НЛБ Станбените кредити се одобруваат со намалени поповолни каматни стапки. Каматните стапки започнуваат од 3,5% и се фиксни за првите три до пет години, зависно од типот на кредитот. За остатокот од периодот каматните стапки се променливи и нивната пресметка зависи од движењата на 6-месечниот ЕУРИБОР. Исто така, станбените кредити се одобруваат со пониски манипулативни трошоци, без трошоци за проценка и бесплатна полиса за осигурување на станот за првата година, а како дополнителна поволност клиентите имаат можност за користење на бескаматен Happy плус Инстант кредит за опремување на станот.

Воедно, кај НЛБ Потрошувачките кредити, Банката го нуди Ризико виолетовиот потрошувачки кредит со каматна стапка од 6% фиксна за првите две години, без трошоци за одобрување. Останатите НЛБ Потрошувачки кредити се одобруваат со 50% пониски трошоци за одобрување.