
НЛБ Банка АД Скопје информира дека на ден 29.06.2026 година започна со исплата на дивиденда согласно Одлуката за определување износ на дивиденда и утврдување на дивиденден календар на НЛБ Банка АД Скопје на Собранието на акционери од 28.05.2026 година.
Вкупниот износ на дивиденда кој им се исплаќа на акционерите изнесува 2.195.790.831 денари. Износот на бруто дивиденда по акција изнесува 2.571 денари.
Исплатата на дивиденда ќе се изврши за сите акционери кои имаат сметки во НЛБ Банка АД Скопје и за акционерите кои имаат доставено уредни инструкции за исплата на дивиденда.












