НЛБ Банка со добивка од 1,2 милијарди денари за девет месеци

25

НЛБ Банка, заклучно 30-ти септември оваа година, оствари нето добивка од 1.265.413.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

“Нето добивката на банката заклучно со 30.09.2020 година изнесува 1.265.416.000 денари и е намалена за 13,1% во однос на истиот период од претходната година“, стои во Анализата на финансиските резултати.

Нето каматните приходи, заклучно со 30.09.2020 година, како што се наведува, се пониски за 1,3% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од камати се пониски за 4%, главно поради пониски каматни приходи од секторот нефинансиски правни лица и вложувања во хартии од вредност, додека расходите по камати се пониски за 19,2% главно поради пониски каматни стапки, преструктурирање на изворите во корист на средства по видување и намалување на расходи за субординирани обврски.

Нето приходите од провизии се пониски за 0,4% споредено со истиот период претходната година, при што приходите од провизии се намалени за 1%, како што се наведува во Анализата, како резултат преземените мерки на Банката за олеснување на последиците од Ковид-19 пандемијата кај клиентите како што се времено укинување на надоместоците за електронско банкарство, како и пад кај приходите во доменот на картично работење поради намалената потрошувачка активност на клиентите во странство во услови на криза.

Расходите за провизии се намалени за 2,2%, главно поради одлуката на НБРСМ за времено укинување на надоместоците за вршење на кеш услуги.

Фото: Facebook